Мојата приказна
За мене
Не сум теоретичар. Сè што предавам — прво го проучив и го поминав на сопствена кожа.

Книгите на Роберт Грин
Израснав со книгите на Роберт Грин како на пример The 48 Laws of Power, The Art of Seduction и The Laws of Human Nature кои ме научија да погледнам под површината на човечките односи. Научив да препознавам манипулативни тактики кои повеќето луѓе не ги забележуваат додека не е предоцна.
Опсесијата со социјалните динамики
Оттогаш динамиката на социјалните односи станаа моја опсесија. Читав, набљудував и анализирав сè што можев да најдам на оваа длабока и корисна тема. Работев со секакви луѓе низ различни средини, од градилишта до филмски сетови, и секаде гледав исти динамики со различни маски. Од блиску можев да набљудувам како се одвиваат манипулациите меѓу колегите.
Интимните врски
Но најблиску до коска ме погодија интимните врски. Гледав пријатели како се губат себеси во врските. Тоа ме натера да ја напишам книгата за манипулативни тактики — Manipulated.
Денес
Денес работам како советник. Дипломирав советување на TAFE NSW во Австралија, но поважно од дипломата е тоа што го носам со себе: години на проучување како луѓето манипулираат, контролираат и збунуваат, и способноста да ги научам како повторно да ја пронајдат самодовербата и да изградат силни и здрави граници со луѓето.
Ако го препознаваш ова, пиши ми.
Не мора да имаш план. Не мора да знаеш точно што ти треба. Треба само да направиш еден чекор.
💬Пиши на ВиберОнлајн преку WhatsApp/Viber или во живо во Скопје